Version 1.1 of the definition has been released. Please help updating it, contribute translations, and help us with the design of logos and buttons to identify free cultural works and licenses!

Definition/Mk: Difference between revisions

From Definition of Free Cultural Works
Jump to navigation Jump to search
Line 37: Line 37:
== Дефинирање на лиценците за слободна кулутра ==
== Дефинирање на лиценците за слободна кулутра ==


Лиценците се легални инструменти преку кои што сопственикот на одредени права може да ги префрли тие права на трети страни.  
Лиценците се легални инструменти преку кои што сопственикот на одредени права може да ги префрли тие права на други лица. Лиценците за слободната култура не одземаат никакви права -- тие се секогаш допилнителна опција, и доколку бидат прифатени даваат слободи кои што законот за авторски права не може да ги понуди. Кога ќе се прифатат тие никогаш не ги ограничуваат или намалуваат постоечките исклучоци од законот за авторски права.
Лиценците за слободната култура не одземаат никакви права -- тие се секогаш алтернативни, и доколку бидат прифатени нудат слободи кои што законот за авторски права не може да ги понуди. Доколку се прифатени тие никогаш не ги ограничуваат или намалуваат постоечките исклучоци од законот за авторски права.


=== Важни слободи ===
=== Важни слободи ===


За да се смета за „слободна“ под оваа дефиниција, лиценцата мора да ги нуди следниве слободи без никакви ограничувања:
За да се препознае како „слободна“ според оваа дефиниција, лиценцата мора да ги нуди следниве слободи без никакви ограничувања:


* '''Слободата да се користи делото:''' Лиценцата мора да дозволува било каква употреба на делото, за приватна или јавна цел. За делата каде што е важно, оваа слобода треба ги вклучува сите произлезени употреби („поврзани права“) како што се изведување или интепретација на делото. Не смее да постои исклучок кога се работи, на пример, за политички или религиозни разгледувања.
* '''Слободата да се користи и изведува делото:''' На корисникот на лиценцата мора да му биде дозволена било каква употреба на делото, приватна или јавна. За делата каде што е важно, оваа слобода треба ги вклучува сите дериватни употреби („поврзани права“) како што се изведување или интепретација на делото. Не смее да постои исклучок кога се работи, на пример, за политички или религиозни разгледувања.
* '''Слободата да се изучува делото и потоа да се искористат информациите:''' Лиценцата мора да дозволува прегледување на делото и користење на знаењето здобиено од делото на било кој начин. Лиценцата не смее, на пример, да го забранува „reverse инжинерството“.
* '''Слободата да се изучува делото и да се искористат информациите:''' На корисникот на лиценцата мора да му биде дозволено да го проучува делото и да го користи на знаењето здобиено од делото на било кој начин. Лиценцата не смее, на пример, да го забранува „обратно инжинерството“.
* '''Слободата да се редистрибуираат копии:''' Копиите можат да бида продавани, заменувани за нешто друго или пак раздавани бесплатно, како дел од поголемо дело, колекција, или пак независно. Не смее да постои ограничување на количината на информации кои што можат да бидат копирани. Исто така не смее да постои  ограничување на тоа кој се може да ја копира информацијата или пак каде се може да биде ископирана истата информација.
* '''Слободата да се редистрибуираат копии:''' Копиите можат да бида продавани, заменувани за нешто друго или пак раздавани бесплатно, како дел од поголемо дело, колекција, или пак независно. Не смее да постои ограничување на количината на информации кои што можат да бидат копирани. Исто така не смее да постои  ограничување на тоа кој може да ја копира информацијата или пак каде може да се копира информацијата.
* '''Слободата да се дистрибуираат деривати:''' За да им се овозможи на сите можноста за подобрување на некое дело, лиценцата не смее да ја ограничува слободата за дистрибуирање на изменети верзии од делото (или пак за физички дела, дело дериват од оригиналот),  не земајќи ја во предвид намерата или намената на таквите измени. Како и да е, можат да се постават некои ограничувања кои што ќе ги заштитат основните слободи или пак придонесот на авторите (видете подолу).
* '''Слободата да се дистрибуираат дериватни дела:''' За да им се овозможи на сите можноста за подобрување на некое дело, лиценцата не смее да ја ограничува слободата за дистрибуирање на изменети верзии од делото (или пак за физички дела, дело кое е некаков дериват од оригиналот),  без разлика на намерата или намената на таквите измени. Сепак, може да се применат некои ограничувања кои што ќе ги заштитат суштинските слободи или именувањето на авторите (видете подолу).


=== Дозволени рестрикции ===
=== Дозволени ограничувања ===


Не сите рестрикции за употреба на делата се пречка за слободите. Посебните потреби за додавање на симетричка колаборација (пр., „copyleft“), и за заштита на најважната слобода се сметаат за [[permissible restrictions|дозволени рестрикции]].
Сите ограничувања на употреба или дистрибуцијата на делата не се пречка за суштинските слободи. Поточно, барањата за именување, за симетрична соработка (т.е. „copyleft“), и за заштита на суштинската слобода се сметаат за [[permissible restrictions|дозволени ограничувања]].


== Дефиницијата за слободните дела од културата ==
== Дефиницијата за слободните дела од културата ==

Revision as of 09:48, 24 June 2007

Стабилна верзија
Ова е стабилната 1.0 верзија на дефиницијата. Бројот на верзијата ќе се променува како што ќе се развива дефиницијата. Верзијата на дефиницијата што може да се уредува е достапна на Definition/Unstable. Дознајте повеќе за процесот на пишување и видете ја страницата за преводи ако сакате да ја преведете дефиницијата на друг јазик.

Сиже

Овој документ ги дефинира „Слободните дела од областа на културата“ како дела или изрази кои може слободно да се проучуваат, применуваат, копираат и/или променуваат, од било кого и за било која цел. Исто така, документот опишува одредени дозволени ограничувања кои ги почитуваат или заштитуваат овие суштински слободи. Дефиницијата прави разлика помеѓу слободни дела и слободни лиценци кои што можат да се користат за законски да се заштити статусот на некое слободно дело. Дефиницијата сама по себе не е лиценца. Таа е алатка со која може да се утврди дали некое дело или лиценца може да се смета за „слободно“.

Преамбула

Општествениот и технолошкиот напредок овозможува сѐ поголем дел од човештвото да пристапува, создава, променува, објавува и дистрибуира различни видови на дела - уметнички дела, научни и образовни материјали, софтвер, статии - на кратко: сѐ што може да се претстави во дигитална форма. Формирани се многу заедници кои ги користат овие нови можности и креираат богатство од дела кои колективно може повторно да се употребуваат.

Повеќето автори, без разлика на нивото поле на делување, без разлика на нивиот аматерски или професионален статус, имаат вистински интерес да му даваат предност на екосистем во кој делата може да се шират, повторно употребуваат и да се прават дериватни дела на креативен начин. Колку е полесно повторно да се употребуваат делата и да се прават дериватни дела, толку нашата култура станува побогата.

За да се обезбеди задоволително функционирање на овој екосистем, авторските дела треба да бидат слободни, а под слобода мислиме:

  • слобода да се користи делото и да се уживаат придобивките од користењето
  • слобода да се проучува делото и да се применува знаењето здобиено од него
  • слобода да се прават и редистрибуираат копии, во целост или на делови, од информацијата или изразот
  • слобода да се прават промени и подобрувања, и да се дистрибуираат дериватни дела

Овие слободи ќе му бидат достапни на секому, секаде и секогаш. Тие нема да бидат ограничени од контекстот во кој се користи делото. Креативност е чин на користење на постоечки ресурс на начин кој претходно не бил замислен.

Сепак, во повеќето земји, овие слободи не се спроведуваат туку се потиснати од закони вообичано наречени закони за авторски права. Овие закони ги сметаат авторите за создавачи слични на бог и им давааат ексклузивен монопол над „нивната содржина“. Со тоа само тие можат да кажат како повторно може да се употребува нивното дело. Овој монопол го забавува процутот на културата. Тој исто така не ја помага економската ситуација на авторите толку многу колку што го заштитува бизнис моделот на најмоќните издавачки компании.

И покрај овие закони, авторите можат да ги направат своите дела слободни со одбирање некој од многуте законски документи познати како слободни лиценци. Кога еден автор ги објавува своите дела под слободна лиценца тоа не значи дека тој ги губи сите свои права. Тоа значи дека тој на сите други им ги дава претходно споменатите слободи.

Важно е секое дело кое тврди дека е слободно да ги обезбедува, практично и без било каков ризик, претходно споменатите слободи. Затоа понатаму даваме прецизна дефиниција на слобода за лиценци и за авторски дела.

Идентификување на слободните дела од културата

Ова е Дефиницијата за слободните дела од областа на културата, и кога го опишувате вашето дело, ве охрабруваме да се повикате на оваа дефиниција, како на пример, "Ова дело е издадено под слободна лиценца, според Дефиницијата за слободните дела од областа на културата." Ако не ви се допаѓа терминот „Слободни дела од областа на културата“ можете да го користите општиот термин „Слободна содржина“ или пак да го поврзете со едно од веќе постоечките движења кои што изразуваат слични слични слободи во поспецифични контексти. Исто така ве охрабруваме да ги користите Логоата и копчињата за слободните дела од областа на културата, кои што се јавна сопственост.

Имајте на ум дека ваквото идентификување всушност не ги гарантира правата опишани со оваа дефиниција; за Вашето дело да биде навистина слободно, тоа мора да користи една од лиценците за слободни култура или пак да биде во јавна сопственост.

Ве обесхрабруваме од користње на други термини за идетификување на слободните дела од областа на културата кои што пренесуваат чиста дефиниција за слобода, како на пример „Отворен содржина“ и „Отворен пристап“. Овие термини често се однесуваат на содржина што е достапна под „помалку рестриктивни“ услови отколку оние што се пропишани со постоечките закони за авторски права, или дури за дела што се достапни „само на веб мрежата“.

Дефинирање на лиценците за слободна кулутра

Лиценците се легални инструменти преку кои што сопственикот на одредени права може да ги префрли тие права на други лица. Лиценците за слободната култура не одземаат никакви права -- тие се секогаш допилнителна опција, и доколку бидат прифатени даваат слободи кои што законот за авторски права не може да ги понуди. Кога ќе се прифатат тие никогаш не ги ограничуваат или намалуваат постоечките исклучоци од законот за авторски права.

Важни слободи

За да се препознае како „слободна“ според оваа дефиниција, лиценцата мора да ги нуди следниве слободи без никакви ограничувања:

  • Слободата да се користи и изведува делото: На корисникот на лиценцата мора да му биде дозволена било каква употреба на делото, приватна или јавна. За делата каде што е важно, оваа слобода треба ги вклучува сите дериватни употреби („поврзани права“) како што се изведување или интепретација на делото. Не смее да постои исклучок кога се работи, на пример, за политички или религиозни разгледувања.
  • Слободата да се изучува делото и да се искористат информациите: На корисникот на лиценцата мора да му биде дозволено да го проучува делото и да го користи на знаењето здобиено од делото на било кој начин. Лиценцата не смее, на пример, да го забранува „обратно инжинерството“.
  • Слободата да се редистрибуираат копии: Копиите можат да бида продавани, заменувани за нешто друго или пак раздавани бесплатно, како дел од поголемо дело, колекција, или пак независно. Не смее да постои ограничување на количината на информации кои што можат да бидат копирани. Исто така не смее да постои ограничување на тоа кој може да ја копира информацијата или пак каде може да се копира информацијата.
  • Слободата да се дистрибуираат дериватни дела: За да им се овозможи на сите можноста за подобрување на некое дело, лиценцата не смее да ја ограничува слободата за дистрибуирање на изменети верзии од делото (или пак за физички дела, дело кое е некаков дериват од оригиналот), без разлика на намерата или намената на таквите измени. Сепак, може да се применат некои ограничувања кои што ќе ги заштитат суштинските слободи или именувањето на авторите (видете подолу).

Дозволени ограничувања

Сите ограничувања на употреба или дистрибуцијата на делата не се пречка за суштинските слободи. Поточно, барањата за именување, за симетрична соработка (т.е. „copyleft“), и за заштита на суштинската слобода се сметаат за дозволени ограничувања.

Дефиницијата за слободните дела од културата

За да се каже дека некој труд е слободен, мора да принадлежи на некоја од слободните лиценци или правниот статус на делото „мора“ да ги обезбедува истите „суштински слободи“ споменати погоре. Сепак тоа не е задоволителна состојба. Да, одреден труд може да е неслободен на друг начин со кој се ограничуваат суштинските слободи. Ова се дополнителните услови според кои некој труд може да се смета за слободен:

  • Пристап до изворните податоци: Кога се добива финалниот труд преку компајлирање или процесирање на изворна датотека или повеќе изворни датотеки, сите изворни податоци кои постојат покрај главниот производ треба да се исто така слободни под истите услови. Тоа може да бидат музички партитури, модели користени за 3D сцени, податоци од научни публикации, изворен код на компјутерска апликација или било која друга информација.
  • Користење на слободен формат: За дигиталните датотеки, форматот во кои се објавува трудот не треба да се заштитени со патенти, освен ако за нив не се дадат меѓународни, неограничени и неповратни гаранции за кои не треба да се плаќа користење на патентираните технологии. Додека неслободните формати некогаш може да се користат поради практични причини, копија од трудот мора да биде достапна во слободен формат, за тој да се смета за слободен.
  • Без технички ограничувања: Трудот мора да е достапен во форма за која не се користат технички средства за ограничување на погоре-споменатите слободи.
  • Без други забрани и ограничувања: Трудот не смее да се покрие со правни забрани (патенти, договори, итн.) или ограничувања (како право на приватност) кои ги попречуваат слободите споменати погоре. Трудот може да користи постоечки правни изземања за авторски права (со цел да цитира заштитени трудови), иако само делови од него кои се недвосмислено слободни формираат слободен труд.

Со други зборови, секогаш кога корисникот на трудот не може легално или практично да ги примени неговите/нејзините основни слободи, трудот не смее и не треба да се нарекува 'слободен'.

Повеќе за читање

  • Проверете ги лиценците за дискусија околу одредени лиценци, и дали ја исполнуваат дефиницијата или не.
  • Проверете ја историјата за потврди и позадината на оваа дефиниција.
  • Проверете ги ЧПП за одговори и прашања.
  • Проверете го порталот за специфични наслови поврзани со слободните дела од културата.

Верзии

Нови верзии на оваа дефиниција ќе бидат објавени штом ќе се постигне консензус (директно или преку гласање, како што е опишано во процесот на пишување) за предложените промени. Бројот на верзијата ќе биде 0.x за првичните нацрт изданија, 1.x, 2.x .. за главни изданија, x.1, x.2 .. за помали промени во изданието. Помали промени во изданието се прават кога текстот се променува на начин што нема да има влијалние на опфатот на постоечките или хипотетички лиценци кои оваа дефиниција ги покрива.